Одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата
Како што е најавено, на одбележувањето во Порта „Македонија“, како што е најавено, ќе се обратат министерот за здравство Арбен Таравари, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и специјалист ендокринолог од Детската клиника во Скопје...

Под мотото „Не игнорирај! Препознај!“, Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ денеска по 11-ти пат ќе се придружи на глобалната иницијатива за одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.
Како што е најавено, на одбележувањето во Порта „Македонија“, како што е најавено, ќе се обратат министерот за здравство Арбен Таравари, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и специјалист ендокринолог од Детската клиника во Скопје.
Според Здружението, во државата во моментов има околу 140-145 деца со нарушувања на растот кои се лекуваат со хормон за раст.
Здружението „Раст“ до Владата и здравствените институции бараат: национален регистар на пациенти со нарушувања на растот, терапија за сите деца кои имаат потреба од лекување, изнаоѓање систем кој нема да зависи од тендерска набавка како во сите земји, право на избор на пациентот за најдобри резултати и интеграција на овие деца во сите сфери и фази на едукативниот систем.
Фото: Фејсбук/ Здружение на граѓани РАСТ
