Ракомет

Вугринец и Прибак , Македонци

11.12.2013 14:58

Владата на Република Македонија на денешната седница позитивно се произнела по барањето за добивање на македонско државјанство на ракометарите Ренато Вугринец и Немања Прибак.

Во изјава за порталот Курир, владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев вели дека врз основа на законската процедура и позитивните мислења на сите надлежни институции, донесена е одлука двајцата ракометари да бидат примени во државјанство на Република Македонија.

Со тоа е исполнет условот Вугринец и Прибак да играат за македонската ракометна репрезентација на претстојното европско првенство во Данска, иако ќе треба да се произнесе и европската ракометна федерација особено за можноста Прибак да биде дел од нашиот национален состав уште на стартот од шампионатот бидејќи во тој период изминуваат три години од неговиот последен настап за селекцијата на Србија.