Политичкиот дијалог и протестите за „Монструм“ штетат на евроинтеграциите

14.07.2014 16:37

На денешната средба со Пјер Вимон Фернандо Џетилини, меѓу другото, се разговарло и за активностите за пристапниот дијалог на високо ниво...

Политичкиот дијалог и протестите поврзани со случајот „Монструм“ наштетуваат на евроинтеграциите на Македонија. Ова е пораката што ја доби вицепремиерот Бесими на средбите со Генералниот секретар на европската служба за надворешни работи и со првиот човек на секторот за Балкан.

„Тоа што беше заеднички заклучок е дека овие настани, како во поглед на опозицијата така и протестите одмагаат во процесот на евроинтеграции и очекувањата на Еврпската Унија во поглед на Македонија е што побрзо да се надминат овие предизвици и ние за тоа се залагаме“, рече Бесими.

На денешната средба со Пјер Вимон Фернандо Џетилини, меѓу другото, се разговарло и за активностите за пристапниот дијалог на високо ниво, за меѓуетничките односи и за отвореното прашање за спорот со името со јужниот сосед и добрососедски одоси. 

Вицеппремиерот за евроинтеграции Бесими утре ќе оствари средба со директорот во директоратот за проширување Александра Кас Грање, по што пред преставниците на Европската комисија ќе ја презентира националната програма за евроинтеграции.

 

Марина Стојанова-Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ