Фудбал

Арсенал благодарение на Раја не загуби од Аталанта

20.09.2024 09:26

Ретеги изведе пенал и шутот му беше прочитан од Раја. Топката се одби и повторно Ретеги прв дојде до неа, шутна со глава кон голот, сите на стадионот веќе ја гледаа топката во мрежата бидејќи Раја беше далеку...

Арсенал синоќа не загуби во Бергамо од Аталанта благодарение на чудесниот голман Давид Раја, кој воодушеви со двојна одбрана.

Во 51-вата минута, Ретеги изведе пенал и шутот му беше прочитан од Раја. Топката се одби и повторно Ретеги прв дојде до неа, шутна со глава кон голот, сите на стадионот веќе ја гледаа топката во мрежата бидејќи Раја беше далеку, но Шпанецот се фрли и успеа да го одбрани и тој шут, по што сите од Арсенал му притрчаа да му честитаат.

Тренерот на тимот, Микел Артета, рече дека ова е една од најдобрите одбрани што ги видел во животот. Раја има четири одбрани од последните осум удари од белата точка.