Скопје

Француска вечер во чест на спортот

20.09.2024 09:31

Министерот за спорт Борко Ристовски беше гостин на настанот организиран од француската амбасада во Скопје, посветен на спортот и неодамна завршените Олимписки и Параолимписки игри во Париз...

На покана на новоименуваниот амбасадор на Република Франција, негова екселенција Кристоф Ле Риголер, министерот за спорт Борко Ристовски беше гостин на настанот организиран од француската амбасада во Скопје, посветен на спортот и неодамна завршените Олимписки и Параолимписки игри во Париз, како дел од меѓународната кампања насловена „Make it Iconic“.

На настанот на кој се славеше спортот и спортските достигнувања, министерот Ристовски оствари и протоколарна средба со амбасадорот Ле Риголер.