Влада

Мицкоски ќе присуствува на почеток на поплочување на ул. Ванчо Прќе во Општина Штип

20.09.2024 11:50

Средствата за овој проект се обезбедени од општинскиот буџет во вредност од 11 милиони денари, стои во соопштението од Влада...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, ќе присуствува на започнување со градежни активности на поплочување на ул. Ванчо Прќе и пренамена од сообраќајница во шеталиште во Општина Штип.

Средствата за овој проект се обезбедени од општинскиот буџет во вредност од 11 милиони денари, стои во соопштението од Влада.

Како што најавија од владината-прес служба, предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.