Македонија

Затегнати односи меѓу Скопје и Софија

20.09.2024 12:38

Нови искри и на релација Скопје и Софија. Бугарската екстремно десничарска партија „Преродба“ подготвува декларација која ќе ја поднесе во бугарскиот парламент на усвојување и ќе бара свикување итна седница...

Нови искри и на релација Скопје и Софија. Бугарската екстремно десничарска партија „Преродба“ подготвува декларација која ќе ја поднесе во бугарскиот парламент на усвојување и ќе бара свикување итна седница.

Пратеникот и лидер на оваа партија Костадин Костадинов рече дека ќе ги информира нивните европски партнери дека нашата страна, наводно, правела саботажа на паневропските политики и на Коридорот 8. Според него, Македонија го прекршува договорот за добрососедство и пријателство.

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, Андреј Ковачев бара да се иницира постапка за исклучување на ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија.

Реакциите од Софија следуваат по изјавата на вицепремиерот Николоски, кој неистакнувањето на македонското знаме на претседателската средба го оцени како нецивилизиран потег.