Здравство

Многу бариери за пациентите со хронична миелоична леукемија

20.09.2024 13:48

Денеска е Меѓународниот ден на хроничната миелоична леукемија, кога се подигнува свеста за ракот на крвта и раното препознавање на симптомите. Пациентите сè уште немаат доволно лекови, се соочуваат со бројни бариери и недостатоци …

На позитивната листа да бидат приоритет лековите за болести коишто без соодветна терапија можат брзо да прогресираат – порака до Министерството и Фондот за здравство на Меѓународниот ден на хронична миелоична леукемија.

Навременото дијагностицирање е клучно, велат од здружението Хема-онко. Борбата со здравствениот систем, тешкото дијагностицирање и достапноста до лекови, предизвици на пациентите.

Потребна е децентрализација за сите пациенти од Македонија да не се слеваат само на Клиниката за хематологија и на другите клиники во Скопје, со што пациентите би заштедиле пари и време, а лекот би го добиле навремено, велат од здружението Хема-онко.

Препознавање на првите знаци и симптоми може да помогнат многу во подобрување на раната дијагноза, која пак може да доведе до подобар исход во лекувањето на оваа болест.

Александра Спировска