Не запираат реакциите по одлуката на Уставниот суд за „балансерот“
Замрзнувањето на „балансерот“ од страна на Уставниот суд ги разбранува духовите во партиите од албанскиот кампус. „Вреди“ тврди дека ова нема спречи вработување по етнички клуч во меѓупериодот, додека Уставен ја донесе конечната одлука.

За одлуката на Уставниот суд со која го замрзна „балансерот“ министерот за здравство Арбен Таравари вели дека е избрзана, иако посочува и самиот дека вработувањата по етнички клуч се злоупотребуваа. „Не ни требаат вакви тензични состојби“, вели Таравари.
Останувам на мислењето дека одлуките на Уставниот суд не се коментираат, но се залагаме за квалитет при вработувањата, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Министерот за јавна администрација Горан Минчев ја поздрави одлуката на Уставниот суд, при тоа нагласувајќи дека засега не се подготвува законско решение бидејќи ќе се чека конечната одлука на највисокиот суд.
И додека од коалицијата Вреди посочуваат оти изработуваат законско решение за правична застапеност кое ќе биде на јавен увид и во консултација со експерти, со цел вработувањата да се врз основа на професионалните вештини. ДУИ смета дека е прекршен Уставот и апелира за итно преиспитување на одлуката на Уставниот суд.
Миле Ристески
