Владата на вонредна седница донесе одлука за ограничување на маржите
Одлуката биле штотуку донесена на онлајн вонредната седница на Владата, која е во тек и дека за повеќе детали ќе информира министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Стотици продукти коишто ќе бидат опфатени со оваа мерка, рече Мицкоски...

Владата денеска на вонредна седница ја донела предлог одлуката на Министерството за економија и труд за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто, со која ќе бидат опфатени стотина основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук …
За ова информираше премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека одлуката биле штотуку донесена на онлајн вонредната седница на Владата, која е во тек и дека за повеќе детали ќе информира министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Стотици продукти коишто ќе бидат опфатени со оваа мерка, рече Мицкоски. Исто така, најави дека континуирано ќе се носат мерки, со кои, како што рече, ќе се обидат да го подобрат стандардот на граѓаните и да се олесни живејачката.
