Околу 150 деца имаат проблеми со раст
Во земјава има околу 150 дечиња со нарушување на растот, кои се третираат со хормони. Денеска, под мотото „Не игнорирај, препознај“ се одбележа светскиот ден посветен на ендокринолошките заболувања…

Во земјава има околу 150 деца со нарушувања на растот кои се лекуваат со хормон. Од клиниката велат дека прават редовни набавки. Потребно е да се зголеми соработката со пациентските здруженија, велат надлежните.
Од здружението „Раст“ до Владата и здравствените институции покрај национален регистар на пациенти со нарушувања на растот, имаат и неколку други барања.
Терапија за сите деца кои имаат потреба од лекување, изнаоѓање систем кој нема да зависи од тендерска набавка како во сите земји, право на избор на пациентот за најдобри резултати и интеграција на овие деца во сите сфери и фази на едукативниот систем.
Ана Јосифоска-Тодоровска
