Македонија

Во организација на СЗПМ, со низа активности се одбележа Денот на пензионерите 20-ти септември

20.09.2024 14:55

Претседателката на Сојузот, Станка Трајкова им го честиташе овој ден на сите членови и истакна дека во државава во моментов има повеќе од 340.000 илјади пензионери, па неопходно е да се зголеми свесноста на јавноста за проблемите и предизвиците...

Со свечена седница и доделување награди и признанија на пет пензионерски здруженија од нашата држава, во просториите на СЗПМ беше одбележан Денот на пензионерите, 20-ти септември.

ЗП Куманово, ЗП Гази Баба, ЗП Тетово, ЗП Пробиштип и ЗП Центар беа издвоени како најактивни здруженија на пензионери за 2023-тата година. Нивните членови во изминатиот период дале најголем придонес со своите културно-забавни и хуманитарни активности и ја покажале својата солидарност на дело, посетувајќи ги осамените пензионери на кои им е потребна помош и поддршка.

Претседателката на Сојузот, Станка Трајкова им го честиташе овој ден на сите членови и истакна дека во државава во моментов има повеќе од 340.000 илјади пензионери, па неопходно е да се зголеми свесноста на јавноста за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата од трета доба, а целта на СЗПМ е и понатаму да ги поддржи во сите активности на своите активни членови.

 

Јасмина Никова