Македонија

Жителите во кочанскиот регион бараат ефикасно запрашување против комарци

22.09.2024 13:14

Дали неефикасното парцијално запрашување против комарците е причина западно-нилската треска да се прошири и кај нас. Мажот кој почина како резултат на ова заболување кое го пренесуваат комарците, не патувал никаде и се заразил овде…

Првата жртва на западно-нилска треска е 78-годишен маж од Облешево, кој на 10-ти септември во неконтактибилна состојба и со температура бил донесен на Инфективното одделение на болницата во Штип. Испитувањата покажале воспаление на мозокот по што пациентот бил однесен на Инфективната клиника во Скопје.

Од почетокот на годината болеста е потврдена кај четири лица. Двајца се заразиле во земји каде е раширено ова заболување, но починатиот пациент се заразил овде, што укажува на можноста дека комарци кои ја шират западно-нилската треска имаме и овде. Оризните површини во кочанскиот и облешевскиот регион се жариште на комарците. Парцијалното запрашување нема ефект.

И покрај неколкуте обиди, општините од источниот регион не можат да се договорат за регионално прскање против комарци, токму Општина Чешиново-Облешево каде потребата од прскање е најголема, нема буџет за оваа намена.

 

Славица Величковска