Совет на Европа

Комитет на министри на Советот на Европа: Бугарија да ги регистрира македонските здруженија

20.09.2024 15:50

Комитетот на министри на Советот на Европа ги повика бугарските власти да ги почитуваат одлуките на Европскиот суд за човекови права и да одобрат регистрација на здруженијата кои бараат признавање на македонското малцинство во Бугарија.

Комитетот укажува на одбивањето на регистрацијата, постојано пронаоѓајќи нови причини, а одлуката се однесува на предметите на „ОМО Илинден“ и македонските здруженија и пресудите на Европскиот суд за првпат донесени пред повеќе од 17 години.

Најстарата европска организација и наложува на бугарската Агенција за регистрација и судовите да постапуваат според начелата на Европската конвенција за слобода на здружување, без ограничувања.

Македонското Министерство за надворешни изрази задоволство од септемвриската одлука на Советот на Европа, наведувајќи дека пресудите на Судот се задолжителни и извршни, и дека е востановено правило во меѓународното право да се почитуваат правата на малцинствата, без мешање во внатрешните работи на земјата.