ССМ ја оценува како добра идејата за ограничување на маржите
Синдикатите предупредија дека животот станува поскап. Минималната синдикална кошница што ќе биде објавена следната недела ќе биде потешка од претходната, што според ССМ е црвен аларм за креаторите на политиките.

Благото зголемување на минималната синдикална кошница ќе биде објавено на почетокот на следната недела, најави Сојузот на синдикатите на Македонија. Оттаму велат, тоа ќе биде црвен аларм за креаторите на политиките и работодавачите дека растот на платите беше потребен уште вчера, а денеска е веќе доцна.
ССМ како позитивен го оцени владиниот предлог за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто за основни прехранбени производи.
Сојузот на синдикатите на Македонија ја поздрави одлуката укинување на сите претходни правни акти за конфискација на зградата на Работничкиот дом.
Овој процес, со цел да се наштети на работничкото движење во Македонија, почна во времето на владата на Владо Бучковски, а заврши во 2023-та година, во времето на владата на Димитар Ковачевски, велат од ССМ.
Марија Котовска
