Македонија

Литија низ Скопје со Богородичната икона Трирачица, донесена од Света Гора

20.09.2024 19:35

Во пресрет на утрешниот празник, пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ свечено пречекана на иконата на Пресвета Богородица – Трирачица од светогорскиот манастир Хиландар...

Во пресрет на утрешниот празник, пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ свечено пречекана на иконата на Пресвета Богородица – Трирачица од светогорскиот манастир Хиландар.

Се одржа празнична вечерна богослужба, а потоа и литија со иконата низ центарот на Скопје.

Верниците кои ќе немаат можност да се поклонат пред светогорската реликвија, тоа ќе можат да го направат секој следен четврток, во матичната црква Рождество на Пресвета Богородица во Скопје, кога ќе се служи Акатистот на Пресвета Богородица.