Либан

Во израелски напад убиен командат на Хезболах

21.09.2024 09:31

Либанското Министерство за здравство соопшти дека во нападот загинале 12 лица, а 66 се ранети. Обвинува дека е извршен во густо населено место со цивили.

Се продлабочуваат непријателствата преку сината линја со Либан. Во израелски воздушен напад врз Бејрут, убиен командантот на елитната единица на Хезболах, Ибрахим Акил.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека во нападот загинале 12 лица, а 66 се ранети. Обвинува дека е извршен во густо населено место со цивили.

Нетанјаху изјави дека целите на Израел се јасни и неговите постапки зборуваат сами за себе, ветувајќи дека ќе продолжи со воената акција додека не успее да ја обезбеди областа околу либанската граница.

Вашингтон тврди дека не бил претходно известен за одмаздата на Тел Авив, која доаѓа по синоќешниот ракетен напад на Хезболах кој истрела 170 ракети во правец на северен Израел.

ООН повикуваат на деескалација.