Воздушни напади во осум украински региони
Гранатирани Черкаси, Харков, Криви Рих, Полтава, Суми и делови од регионите на Запорожје и Херсон. Има загинати- потврди Киев.

Сирени за воздушен напад огласени низ осум украински региони. Гранатирани Черкаси, Харков, Криви Рих, Полтава, Суми и делови од регионите на Запорожје и Херсон. Има загинати- потврди Киев.
Руската одбрана изврши воздушни и копнени напади врз украинските сили и во пограничната руска област Курск. Москва тврди дека собоорила беспилотни летала над Красносдарск по што избил пожар. Обвинува дека украинските сили дека извршиле напад со дронови и на блиската трафостаница во Запорожје.
Зеленски очекува вториот мировен самит, планиран да се одржи до крајот на годината, да стави крај на војната во Украина. ЕУ вети заем од 35 милијарди евра за Киев за обнова на економијата и електричната мрежа уништена во војната.
