Почнува 45-тото издание на Фестивалот „Браќа Манаки“
Наградата „Златна Камера 300“ за животно дело годинава му припадна на францускиот кинематографер Бруно Далбонел, а добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ е Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер.

Над 450 гости кинематографери од САД, Велика Британија, Италија, Франција, Шпанија и Австралија заедно до домашната публика, вечерва во Битола ќе минат на црвениот килим за да го пролседат свеченото отворање на 45-тото издание на Фестивалот „Браќа Манаки“.
Наградата „Златна Камера 300“ за животно дело годинава му припадна на францускиот кинематографер Бруно Далбонел, а добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ е Димитар Грбевски, македонски филмски и телевизиски монтажер.
На Широк сокак во Битола за првпат годинава ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници на наградата „Златна камера 300“ почнувајќи од браќата Манаки. „Патека на славните“ има 18 ѕвезди на кои се впишани имињата на Милтон Манаки, Јанаки Манаки, Питер Бизу, Роби Милер, Џон Сиели, Сер Роџер Дикинс, Крис Менгес, Кристијан Бергер, Валтер Карваљо, Данте Спиноти, Ентони Дод Мантл, Ед Лахман, Ричард Ленжевски, Хозе Луис Алкањ, Били Вилијамс, Јоргос Арванитис, Свен Никвист и Бруно Далбонел.
Во текот на фестивалот којшто трае до 27-ми септември, ќе бидат емитувани 12 филмови во главната селекција за наградите „Камера 300“, почнувајќи од „Партенопе“, филм со кој вечерва почнува фестивалот.
