Шри Ланка избира нов претседател
Во тесна трка се очекува да бидат актуелниот претседател Ранил Викремесинге, опозицискиот лидер Саџит Премадаса и марксистичката кандидатка Анура Кумара Дисанајаке, која според последните анкети е во водство.

Милиони жители на Шри Ланка избираат нов претседател кој ќе го одреди текот на кревкото економско закрепнување на јужноазиската земја по најтешката финансиска криза во последните децении.
Во тесна трка се очекува да бидат актуелниот претседател Ранил Викремесинге, опозицискиот лидер Саџит Премадаса и марксистичката кандидатка Анура Кумара Дисанајаке, која според последните анкети е во водство.
Победникот треба да биде објавен утре. Ова се први претседателски избори во земјата по масовните протести во 2022 година кога од власт беше соборен тогашниот лидер Намал Рајапакса.
