Свет
Поплави во Јапонија
21.09.2024 18:31
Најкритично е во префектурата Ишикава откако најмалку 12 реки ги пробија коритата предизвикувајќи големи поплави и прекини во струјата во речиси 5 илјади домаќинства.

Јапонските власти го вклучија црвениот аларм по поројните дождови што го зафатија североцентралниот дел од земјата.
Најкритично е во префектурата Ишикава откако најмалку 12 реки ги пробија коритата предизвикувајќи големи поплави и прекини во струјата во речиси 5 илјади домаќинства.
Во градот Виџима едно лице се води за исчезнато, а голем број жители се заглавени во областа. Нивото на тревога е на највисоко ниво откако метоеоролозите преупредија на нови обилни дождови во наредниот период и можни свлечишта.
