Претседателката на 79. Генерално собрание на ОН
Повеќе од 130 светски лидери ќе се сретнат следната недела во Њујорк каде што ќе разговараат за војната на Блискиот Исток и Европа, бавното темпо на напорите за ставање крај на тие конфликти и влошувањето на климата и хуманитарната кризи...

Македонската делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е во САД, повод 79-тото Генералното собрание на ООН. Над 130 светски лидери ќе се сретнат следната недела во Њујорк каде што ќе разговараат на повеќе теми. Во фокусот се очекува да биде ставање крај на конфликтите.
Во четврток е предвидено обраќање на македонската претседателка на генералната дебата на 79-тата сесија на Генералното собрание на ОН, што се одржува на тема „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“. Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да оствари средба и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Во состав на македонската државна делегација се министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
Стојан Трпчевски известува од Њујорк
