Инфраструктура

Позитивни сигнали за реализација на Коридорот 8

21.09.2024 15:17

Ресорниот министер Николоски од Будимпешта порача-интензивно работиме на железничката пруга, со третата селекција има предизвици, треба да се решат, а се надева на компромисно решение од бугарска страна за пругата да не заврши во тунел кој не води никаде.

Коридорот 8 ќе биде клучен во динамиката на пријателските односи со соседот Бугарија. И од двете страни позитивни сигнали за реализација на овој проект.

Ресорниот министер Николоски од Будимпешта порача-интензивно работиме на железничката пруга, со третата селекција има предизвици, треба да се решат, а се надева на компромисно решение од бугарска страна за пругата да не заврши во тунел кој не води никаде.

Пред колегите од земјите-членки од Европската унија, Николоски на состанокот на министрите за транспорт како приоритет број еден за Македонија ја посочил изградба на брза пруга Скопје – Солун со 200 километри на час, што треба да не поврзе со главните пристаништа, а на север со централна Европа. Тој посочил и на брзата динамика на изградба на експресните патишта во земјава.

Според министерот, состанокот е голема можност да се разменат мислења и да се поканат потенцијални донатори и инвеститори да дојдат во Македонија, за побрзо да се завршат почнатите проекти.

Александра Спировска