Економија

Привремените мерки не се решение за растот на цените

21.09.2024 15:34

Граѓаните се скептични дека ќе го почувствуваат врз џебот ограничувањето на маржата на 10 насто на 70-тина производи како месни, млечни, овошје, зеленчук, конзервирана храна...

Привремените мерки не се долгорочно решение, треба да се влијае на понудата и побарувачката кои ја диктираат цената-вели поранешниот министер за финансии Хајредини. А, ако се носат мерки, треба да бидат насочени кон ранливите категории на граѓани. Смета дека во пазарна економија, Владата треба да се воздржи од интервенции.

Граѓаните се скептични дека ќе го почувствуваат врз џебот ограничувањето на маржата на 10 насто на 70-тина производи како месни, млечни, овошје, зеленчук, конзервирана храна.

Од СДСМ обвинуваат дека мерките се задоцнети. Велат тие замрзнале 500 производи истиот период минатата година и донеле антикризен пакет вреден 662 милиони евра.

„Со најавеното замрзнување на маржите на само 73 производи, власта под притисок на јавноста мачка очи, а резултатот ќе биде никаков. Мерките на владата на Христијан Мицкоски се задоцнети и нема да имаат реален ефект ниту врз намалување на цените на производите ниту врз стандардот на граѓаните“, велат од СДСМ.

Од Владата најавуваат предновогодишна и пролетна кошничка со мерки за намалување на прехранбените производите кои најмногу се користат во тој период.

Александра Велинова