Со есенската кошница се опфатени производи кои се најкористени од граѓаните, вели Мицкоски
По обвинувањата на опозицијата дека претходната влада намалила повеќе од илјада производи, премиерот со порака дека овој пат се опфатени производи кои се најмногу користени во овој период. Во следниот се очекуваат и други кошнички…

Замрзнатите маржи за одредена таргетирана категорија на производи, е далеку поефикасна, отколку замрзнувањето на цените на одредени производи за време на владата на СДСМ и ДУИ, вели премиерот Мицкоски. Тогаш се зголемил данокот на додадена вредност за 1.300 производи, а се вовел и данок на луксуз.
Премиерот Христијан Мицкоски од Кавадарци истакна дека индикаторите во економијата во изминатите неколку месеци се позитивни, и очекува платите на граѓаните и натаму да растат.
Расте БДП, се намалува инфлацијата, растат приходите што ги прибираат УЈП и Царинската управа. Тој ги коментираше тезите на опозицијата дека платите за време на ВМРО-ДПМНЕ стагнираат.
„Разликата е што тогаш кога се ограбуваше буџетот, инфлацијата беше двоцифрена, и стигнуваше 20%, па платата која ја добиваа граѓаните беше обезвреднувана. Платата расте и сега, но инфлацијата е најниска“, изјави Мицкоски.
Премиерот очекува парите од унгарскиот заем од 500 милиони евра да се ефектуираат втората половина на октомври или во првата недела на ноември годинава. Со тие средства ќе се овозможи поддршка за стопанството и развој на инфраструктурата на локалната самоуправа.
Игор Панов
