Над 400 гости од филмската фела се очекуваат на црвениот тепих на „Браќа Манаки“
Ексклузивитет на ова издание е таканаречената „Патека на славните“. Добитниците на наградата Златна камера 300 за животно дело, ќе ги откриваат ѕвездите поставени на плочникот на Широк сокак.

Сè е подготвено за почетокот на уште едно прекрасно издание на интернационалниот фестивал на филмска камера. Под слоганот „Еден е Манаки“ стартува јубилејното 45-то издание. На црвениот тепих ќе зачекорат повеќе од 400 гости од филмската фела. Настани ќе има низ цела Битола, но главните случувања ќе се одвиваат во Центарот за култура.
Ексклузивитет на ова издание е таканаречената „Патека на славните“. Добитниците на наградата Златна камера 300 за животно дело, ќе ги откриваат ѕвездите поставени на плочникот на Широк сокак.
12 филмови влегоа во официјалната селекција за „Златна камера 300“, а оваа година честа да ја прими оваа престижна награда ја има францускиот кинематографер Бруно Делбонел.
Фестивалот ќе биде отворен со канскиот хит „Партенопе“ на славниот Паоло Сорентино. Директорот Дамевски најави и други изненадувања, кои ќе бидат откриени на самото отворање.
Во текот на седумте фестивалски денови, ќе бидат прикажани 65 исклучителни филмски остварувања, а со проекцијата на македонскиот филм „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец ќе се затвори 45-тот издание на фестивалот „Браќа Манаки“.
Александра Максимовска
