САД
Сиљановска Давкова на средба со нашинците во Њу Џерси
21.09.2024 20:57
Посетата на САД, претседателката Сиљановска Давкова ја започна во Македонската православна црква „Свети Никола“ во Њу Џерси, каде присуствуваше на литургија по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица.

Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи делегацијата во Соединетите Американски Држави на 79-тото Генерално собрание на Обединетите нации.
Идната недела, над 130 светски лидери во Њујорк ќе разговараат на повеќе теми, но во фокусот се очекува да биде ставање крај на конфликтите.
Посетата на САД, претседателката Сиљановска Давкова ја започна во Македонската православна црква „Свети Никола“ во Њу Џерси, каде присуствуваше на литургија по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица.
Од Њујорк известува Стојан Трпчевски
