БЛИСКИ ИСТОК
Продолжуваат нападите меѓу Израел и Либан
22.09.2024 09:55
Хезболах изведе жесток напад со стотици ракети длабоко во Израел. Тел Авив подигна десетици авиони возвраќајќи го ударот...

Продолжија ракетирањата на израелско-либанската граница. Хезболах изведе жесток напад со стотици ракети длабоко во Израел. Тел Авив подигна десетици авиони возвраќајќи го ударот.
Соопштија дека голем број проектили се пресретнати во Хаифа и Назарет, а едно лице е полесно повредено во долна Галилеја. Ги ограничи собирите во северните области.
САД ги повика своите граѓани да го напуштат Либан.
Во истовреме на Западниот Брег, израелската војска упадна во канцелариите на катарската информативна мрежа Ал Џезира во Рамала, со наредба да биде затворена во рок од 45 дена. Медиумот го осуди потегот.
