Поплави низ Европа, пожари во Америка
Додека голем број земји во централана Европа се справуваат со последиците од невремето, на американскиот континентот во Аргентина веќе трет ден беснеат шумски пожари кои пеплосаа десетици куќи.

Нивото на Дунав го достигна пикот во Будимпешта заканувајќи се да го прелее коритото. Во исчекување на новиот бран поплави, унгарските власти со вреќи ги штитат клучните точки.
Додека голем број земји во централана Европа се справуваат со последиците од невремето, на американскиот континентот во Аргентина веќе трет ден беснеат шумски пожари кои пеплосаа десетици куќи.
На југот од Африка пак, патиштата во делови на Јужноафриканската република останаа затворени по невообичаените обилни врнежи на снег. Во некои области се регистрирани дури и до 2 метри снежни наноси.
