Прва конзервација на агората во Стибера
Први конзерваторски работи на агората во античкиот локалитет Стибера кој нашите археолози го нарекоа македонска Помпеја. Најпознатиот локалитет со мермерни статуи и со единствен објект-агората мака мачи со неможноста за уште поголеми откритија. Голем број парцели се во приватна сопственост…

За првпат се врши конзервација на јадрото на античкиот град Стибера, агората. Средиштето на античкиот стопански и културен живот е единствен објект од таков вид откриен во Македонија. Конзервацијата ќе се одвива во етапи.
Стибера била голем град со 20.000 жители. Епитетот македонска Помпеја е поради зачуваноста на огромен број артефакти, меѓу кои и единствената мерна маса за продукти.
Голем проблем е што повеќето парцели се во приватна сопственост.
Проектот за конзервација чини 1,7 милиони денари. Сега се работи со 500.000 денари буџет.
Елизабета Митреска
