Битола

„Трчај бе“ под мотото „Филм ми е да трчам“

22.09.2024 12:34

Ова шесто по ред издание на „Трчај бе“ само потврдува зошто од година во година манифестацијата прераснува во меѓународен бренд, велат организаторите...

И преку спортот симболично се поддржува делото на првите балкански сниматели. По локациите каде некогаш тие трчаа по ексклузивните кадри, изутрината трчаа рекреативците и дел од интернационалната атлетска елита.

Сè уште не поминало доволно време да стивнат чувствата од синоќешниот филмски гламур, а на стартната позиција метеж. За некои задоволство да се учествува, а за некои можност да ги докаже своите атлетски вредности на трките на 5, 10 и 21 километар.

Ова шесто по ред издание на „Трчај бе“ само потврдува зошто од година во година манифестацијата прераснува во меѓународен бренд, велат организаторите.

Дополнително значење му дава и тоа што по трет пат во присуство на атлетската федерација се одржува националниот полумаратон. Организаторите велат, крајна цел е еден ден да се одржи и 42 километарскиот маратон.

Стевче Митревски