Култура

Свечено отворено 45-тото издание на „Браќа Манаки“

22.09.2024 12:19

Една е Битола, еден е фестивалот „Манаки“, кој секоја година го прави градот еден од најважните филмски центри во светот-беше истакнато на свеченото отворање...

Најголемото филмско случување во земјава ја собра филмската фела од целиот свет на отворањето на 45-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Покрај редовните три, фестивалот годинава додели и четврта, почесна Златна камера 300, за животно дело на Јанаки Манаки. Наградата ја прими неговиот внук.

Лауреат на Златна камера 300, за животен опус, е францускиот кинематографер Бруно Делбонел, кој ги снимил антологиските филмови „Нема одмор за Бали Барко“, „Амели“, „Многу долга венчавка“, „Фари Потер“.

Добитничка на наградата Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност е полската кинематограферка Јоланта Дилевска. Македонскиот филмски и телевизиски монтажер Димитар Грбевски е добитник на наградата Големата ѕвезда на македонскиот филм.

Една е Битола, еден е фестивалот „Манаки“, кој секоја година го прави градот еден од најважните филмски центри во светот-беше истакнато на свеченото отворање.

Фестивалот за отворен го прогласи претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Рече дека за неа е огромна чест да биде покровител на една од најреномираните и најпрестижни културни манифестации во земјава.

Она што ќе остави траен белег на овогодишното издание е „Патеката на славните“, каде 18 добитници на наградата Златна камера 300, добија своја ѕвезда на познатиот Широк сокак.

Александра Максимовска