По енциклопедијата, ново монументално дело
Пет години тим од 26 автори работеше на четиритомниот колосален труд “Македонија-милениумски културно-историски факти”. На 2 и пол илјади страници е вреднувана историјата, традицијата, културата и археологијата, поткрепени со хронолошки пристап на праисториската, античката, средновековната и нововековната епоха.

Оваа монографија содржи сеопфатна анализа на сите аспекти од повеќемилениумската македонска култура. Авторскиот тим создаде капитален збир од 28 научни трудови кои ја анализираат културната ризница на земјава од далечното палеонтолошко минато се до денешна ,современа Македонија.
Книгата му е потребна на умот да го изострува, како острилката на моливот, оцени амбасадорот Керим. Монографијата на Македонија ќе биде преведена и на англиски јазик.
Александра Перевска