Македонија
Во Скопје регистриран земјотрес од 3,4 степени по Рихтер
23.09.2024 08:10
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, регистрираше потрес во 2 часот и 2 минути по полноќ чиј епицентар бил 23 километри источно од центарот на Скопје, на длабочина од 7 километри...

Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтер е почувствуван изминатата ноќ во Скопје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, регистрираше потрес во 2 часот и 2 минути по полноќ чиј епицентар бил 23 километри источно од центарот на Скопје, на длабочина од 7 километри.
