Израел продолжи со нападите врз Хезболах во Либан
Одбраната на Тел Авив тврди-пресретнала ирански дронови инфилтрирани од Сирија. Велат дека ќе продолжат со нападите додека не ги исполнат целите, цената на Хезболах се зголемува...

Израел продолжи да спроведува широки напади врз Хезболах во долината Бека во Јужен Либан додека сирени за тревога се огласуваат на северот од земјата. Одбраната на Тел Авив тврди-пресретнала ирански дронови инфилтрирани од Сирија. Велат дека ќе продолжат со нападите додека не ги исполнат целите, цената на Хезболах се зголемува.
„Минатата недела беше најтешката во историјата на постоењето на Хезболах – особено во изминатиот ден. Акцијата во Дахие е значајна, важна и моќна. Целта е јасна – безбедно враќање на луѓето во северните заедници на Израел. ќе ги преземеме сите неопходни мерки за да ги постигнеме нашите цели“, изјави Јоав Галант израелски министер за одбрана.
Милитантите со закана-војната со Израел е во нова фаза, жителите нема да се вратат на северот.
„Влеговме во нова фаза насловена Битка за отворени сметки во која ќе продолжиме со фронтот за поддршка и конфронтација. Жителите на северот нема да се вратат. Наместо тоа, поместувањето ќе се зголеми, а поддршката ќе се прошири. Израелското воено решение само ја продлабочува неволјата на Израел и на жителите на северот и не ги решава нивните прашања. Затоа одете во Газа и прекинете ја војната“, изјави Наим Касем, заменик генерален секретар на Хезболах.
Првиот човек на ООН Гутереш, загрижен дека Либан може да стане втора Газа. САД велат-прават се за да спречат поширок конфликт. Во сенка на непријателствата меѓу Хезболах и Израел, во Газа продолжија воздушните напади. Загинати десетици цивили.
