Зеленски во САД ќе го претстави мировниот план
Оваа есен ќе биде одлучувачка-вели Зеленски додавајќи дека главна цел е да ја зајакне Украина како би можел да стави крај на руската агресија...

Украинскиот претседател Зеленски пристигна во САД каде што на својот колега Бајден и сојузниците ќе им ги претстави деталите од својот мировен план. Оваа есен ќе биде одлучувачка-вели Зеленски додавајќи дека главна цел е да ја зајакне Украина како би можел да стави крај на руската агресија. Пред посетата на Њујорк и Вашингтон, тој ја посети фабриката за муниција во Пенсилванија. На фронтот, најжестоки борби се водат во Доњецк, украинските сили се обидуваат да го успорат непријателот.
„Во моментов сме во Торецк во Доњецката област. Ситуацијата е навистина тешка, непријателот постојано притиска и се обидува да напредува во наша насока“, изјави Олександр, службеник на бригадата Лут.
Торецк е клучен град за Русите бидејќи би ѝ им дал можност да продолжат со офанзивата кон Костјантинивка и Покровск. Москва потврди дека десет лица се повредени во Белгородската област кога Украина гранатираше село во Русија.
