Јапонија

Најмалку шест лица загинаа во поплавите што ја погодија Јапонија

23.09.2024 09:14

Десетици реки се излеаја од коритата во текот на викендот, предизвикувајќи огромни штети на околните места. Најмалку шест лица загинаа во поплавите и свлечиштата...

Најмалку шест лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ја погодија централна Јапонија во последните два дена, јавија локалните медиуми.

Две лица се водат за исчезнати.

Десетици реки се излеаја од коритата во текот на викендот, предизвикувајќи огромни штети на околните места.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека обилните дождови меѓу саботата и неделата достигнале 540 мм во префектурата Ишикава, најмногу од почетокот на евиденцијата во 1976 година.