Се разгорува конфликтот меѓу Израел и Хезболах
Се разгорува конфликтот меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах. Израелските одбранбени сили ги предупреди цивилите во Либан за големи прецизни напади. Повика да ги напуштат областите каде што делуваат милитантите. Одбраната на Тел Авив тврди-пресретнала ирански дронови инфилтрирани од Сирија...

Израел продолжи да спроведува широки напади врз Хезболах во долината Бека во Јужен Либан додека сирени за тревога се огласуваат на северот од земјата. Одбраната на Тел Авив тврди-пресретнала ирански дронови инфилтрирани од Сирија. Велат дека ќе продолжат со нападите додека не ги исполнат целите. Ги предупредија цивилите во Либан да не им дозволуваат на милитантите да ги користат нивните домови за складирање оружје.
„Идентификувавме дека Хезболах подготвува напади врз граѓани на Израел, затоа ќе продолжиме да напаѓаме терористички цели до отстранување на заканата. Ги повикуваме сите жители на Либан, сите кои се во близина на имоти или во домови каде Хезболах крие оружје, веднаш да се дистанцирате од нив. Ова е за ваша безбедност и заштита“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелските сили.
„Ќе ги преземеме сите неопходни мерки за да ги постигнеме нашите цели. Целта е јасна – безбедно враќање на луѓето во северните заедници на Израел“, изјави Јоав Галант, израелски министер за одбрана.
Милитантите со закана-војната со Израел е во нова фаза, жителите нема да се вратат на северот.
„Влеговме во нова фаза насловена Битка за отворени сметки во која ќе продолжиме со фронтот за поддршка и конфронтација. Жителите на северот нема да се вратат. Наместо тоа, поместувањето ќе се зголеми, а поддршката ќе се прошири. Израелското воено решение само ја продлабочува неволјата на Израел и на жителите на северот и не ги решава нивните прашања. Затоа одете во Газа и прекинете ја војната“, изјави Наим Касем, заменик генерален секретар на Хезболах.
Првиот човек на ООН Гутереш, загрижен дека Либан може да стане втора Газа. САД велат-прават се за да спречат поширок конфликт.
„Загрижен сум. Но, ќе направиме сè што можеме за да спречиме да избие поширока војна. Сè уште силно притискаме“, изјави Џозеф Бајден, претседател на САД.
На деескалација повика и шефот на европската дипломатија. Борел ја нагласи итната потреба за прекин на огнот преку „Сината линија“, како и во Појасот Газа кадешто во сенка на непријателствата меѓу Хезболах и Израел, продолжија воздушните напади во кои загинаа десетици цивили.
Бојана Крстевски
