Шах

Успех за Тони Лазов и за македонскиот шах

23.09.2024 10:15

Лазов се покажа во одлично светло на Олимпијадата во Будимпешта, на осум дуели успевајќи да стигне до фантастични 7,5 освоени бодови, без ниту еден единствен пораз.

Одличен успех за Тони Лазов и за македонскиот шах, соопштија од Шаховската федерација на Македонија. Лазов се покажа во одлично светло на Олимпијадата во Будимпешта, на осум дуели успевајќи да стигне до фантастични 7,5 освоени бодови, без ниту еден единствен пораз.

Со 7.5 поени од 8 партии, без ниту една изгубена партија и перформанс рејтинг од 2763, Тони успеа зад себе да остави големи имиња на светскиот шах како Sarana Alexey, So Wesley, Praggnanandhaa R и многу други.

Тони Лазов е најмладиот носител на шаховски олимписки медал во Македонија, а кариерата ја започнува во шаховските школи на ШК Алкалоид, активно играјќи шах од својата 10-годишна возраст.

 

 

 

 

 

 

 

Фото:/ Македонска шаховска федерација