ЦУК

ЦУК: Во последното деноноќие само еден пожар на отворено

23.09.2024 10:41

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 703 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 703 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Кон полиција биле упатени 62,35%, кон Итната медицинска помош 29,15%, a кон пожарникарите 6,88% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Во последното деноноќие имало регистрирано само еден пожар на отворено на територијата на државата, информираат од ЦУК.

Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје, дека: од 13.10 до 16.00 часот, со 5 пожарникари и 2 ПП возила. интервенирале на запалена ниска вегетација и грмушки на површина од 1.000 m2 кај м.в. „Три Круши“ (Општина Кисела Вода); од 14.30 до 15.00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено ѓубре на мала површина покрај ул. „Скупи“ (Општина Карпош); од 15.55 до 16.40 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено стрниште и бандера на површина од 30 m2 кај с. Стајковци (Општина Гази Баба) и од 17.05 до 17.30 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 300 m2 во населбата „Шуто Оризари“ (Општина Шуто Оризари), се наведува во соопштението.

ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив, а секако и во речните корита.