МВР

Посебен режим на сообраќај денес во Скопје

23.09.2024 11:20

Денеска во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателката на Парламентот на Република Албанија, Елиса Спиропали...

Денеска во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателката на Парламентот на Република Албанија, Елиса Спиропали.

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје, соопштија од МВР.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.