Добри приноси на јачменот

15.07.2014 11:13

Привршува жетвата на јачменот. После неколку години приносот е добар, а на некои површини во Пелагонија и рекорден.

Жетвата на јачменот и маслодајната репка во Пелагонија привршува. Приносите се добри, а по неколку години слаб род регистрирани се рекордни приноси.

Според експертите причините се навремената  и квалитетна сеидба и поволните временски услови.

Со оваа земјоделска култура, годинава само во битолско се насеани 4.000 хектари. Приносот е од 4,5 до 4,7 тони, а на одредени површини беа собрани и по 7 до 8 тони по хектар.   

Земјоделците се задоволни и од маслодајната репка каде што се собраа од 2 и пол  до 3 тони од хектар.

Досегашните временските услови беа погодни за жетвата, но и дождови се добредојдени за пченката и сончогледот.

 

Методија Трајков