Штипската „Пастрмалијада“ заврши со продадени над 30 илјади пастрмајлии
Над 50 илјади посетители, над 30 илјади пастрмалии е првичниот биланс од Пастрмалијадата во Штип. Традиционалната манифестација во чест на гастрономскиот бренд на Штип, годинава имаше изменета концепција.

Овогодишната штипска „Пастрмалијада“ се одржа на нова локација и со поинаква концепција. Чинеше околу три милиони денари, од кои еден милион и седумстотини илјади од Општината.
Градоначалникот вели дека заради големата посетеност економскиот бенефит, пред сè за угостителите и трговците е поголем. Задоволни се угостителите, пекарите, но и посетителите.
Пастрмалијадата вообичаено почнува со сечење на џиновската пастрмалија, годинава со димензии два на метар и дваесет, за чија подготовка беа употребени 16 килограми месо и 26 килограми тесто.
Славица Величковска
