потрошувачка кошница

Од денеска пониски маржи на дел од основните прехранбени производи

23.09.2024 14:14

Потрошувачката кошница станува попристапна за граѓаните. Од денеска се очекува производите да се продаваат со пониски маржи за 10 проценти. На листата која ја објави Министерството за економија и труд се наоѓаат основните прехранбени производи...

Лебот, млекото и млечните производи, оризот, маслото за јадење, сите видови зеленчук и овошје, месото и месните производи, отсега ќе се продаваат со пониски маржи за 10%. Есенската кошница се очекува да биде во сила. За бизнисмените оваа мерка е добра и ќе им помогне на граѓаните, но тоа не може да е трајно. Велат, потребни се мерки на подолг рок, за да нема ценовни осцилации.

И од ОПМ ја поздравија мерката, но апелираат до граѓаните при купување на секој производ да отворат четири очи, оти трговците знаат да манипулираат со рокот на производот.

И покрај многубројните реакции, голем дел од граѓаните се надеваат дека Владата ќе продолжи со активности за стабилизирање на цените на храната.

 

 

Борис Грујоски