Спиропали и Гаши посакаа Македонија и Албанија заедно да го продолжат патот кон ЕУ
Спиропали во посета на Македонија. Средби со дел од водечките политички фигури во земјава. Претседателката на Собранието на Албанија во Скопје беше пречекана со сите државни и воени почести...

Очекуваме Македонија и Албанија заеднички да продолжат на патот кон Европската унија. Балканот го очекуваат уште многу предизвици и затоа треба уште повеќе да ја зголемиме меѓусебната соработка на сите полиња – истакна претседателот на македонското Собрание Африм Гаши. Смета дека двете држави треба повеќе да ги користат ЕУ фондовите и заеднички да учествуваат во ИПА програмите. Од исклучителна важност се економската соработка и инфраструктурните проекти истакна Гаши.
Елиса Спиропали пак посочи дека и двете земји имаат долго искушение, но и сопствени назадувања во напорите да се обезбеди европската интеграција. Се осврна и на замрзнатиот балансер. Рече оти е сигурна дека правичната и пропорционалната застапеност на Албанците во институциите на земјата, заснована на геополитичка реалност на регионот и на взаемниот интерес, ќе продолжи согласно современите демократски стандарди на мултиетничкото општество.
Спиропали во Скопје беше пречекана со сите државни и воени почести. Покрај средбата со Гаши оствари одвоени средби и со лидерите на СДСМ и ДУИ, Венко Филипче и Али Ахмети.
Миле Ристески
