ФРАНЦИЈА

Франција конечно доби нова Влада

23.09.2024 14:50

Премиерот Мишел Барние денеска го пречека новиот владин состав од 39 министри и државни секретари...

Франција синоќа доби нова Влада по повеќе од два месеца, а во неа доминираат конзервативците и центристите. Премиерот Мишел Барние денеска го пречека новиот владин состав од 39 министри и државни секретари.

Состанокот се одржа пред официјалните церемонии за примопредавање на неколку министерски позиции. Новиот состав треба да ја изведе земјата од продлабочените политички поделби и финансиски и дипломатски предизвици.