ЕУ
Сè уште се санираат последиците од поплавите низ Европа
23.09.2024 14:53
Европа и натаму се соочува со санирање на последиците од поплавите, Австрија Франција, Романија, Унгарија, Хрватска ги пребројуваат штетите...

Европа и натаму се соочува со санирање на последиците од поплавите, Австрија Франција, Романија, Унгарија, Хрватска ги пребројуваат штетите.
Во моментов Србија стравува од излевање на Дунав. Од српскиот Хидрометеоролошки завод велат дека пикот на нивото на реката се очекува на 25-ти септември.
Во меѓувреме, Советот на ЕУ реши од Фондот за солидарност да одвои над една милијарда евра помош за Италија, Словенија, Австрија, Грција и Франција наменети за справување со последиците од елементарните непогоди изминатата година.
