Зеленски на средби во Вашингтон
Ќе успее ли планот на Зеленски за ставање крај на две и полгодишната војна со Русија? Украинскиот претседател е во Вашингтон, на средби со претседателот Бајден и кандидатите за шеф на Белата куќа, Харис и Трамп. На фронтот продолжуваат битките, Киев негира дека напаѓа цивили во Курск.

Украинскиот претседател во САД ќе го претстави „планот за победа“ пред претседателот Бајден и кандидатите за иден шеф на Белата куќа. Од Кремљ со став, ќе го проучат „планот“ доколку биде официјално објавен. Пред посетата на Њујорк и Вашингтон, Зеленски посети фабрика за муниција во Пенсилванија.
„Соединетите Американски Држави ни помогнаа од самиот почеток на војната во целосен размер, но ние сè уште сметаме на континуирана поддршка. Ние сме многу благодарни на претседателот Бајден, двопартиската поддршка“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
На фронтот, војната со дронови продолжи. Во руски напад врз Запорожје повредени 16 лица. Најжестоки борби и натаму се водат во правец на Доњецк. Воздушни напади и врз Зопорожје и Харков, има повредени.
„Ситуацијата е навистина тешка, непријателот постојано притиска и се обидува да напредува во наша насока“, изјави Олександр, службеник на бригадата Лут.
Околу 40.000 руски војници се пренасочени од украинскиот фронт во правец на Курск, тврдат од Киве. Украина го почитува меѓународното хуманитарно право и нецели цивили при воена операција во руската област, тврдат од украинското МНР. Претходно, Русија објави дека најмалку 56 цивили загинале, а 266 се повредени за време на украинските воени операции.
Маријана Димовска
