Ембид станува петтиот НБА играч кој заработил повеќе од 500 милиони долари во кариерата
Центарот на Филаделфија им се придружува на Леброн Џејмс (Лејкерс), Стеф Кари (Голден Стејт), Пол Џорџ (Филаделфија) и Кевин Дурант (Феникс) како играчи кои ќе заработат повеќе од 500 милиони долари од договори во текот на кариерата.

Најдобриот кошаркар на Филаделфија, Џоел Ембид потпиша 3-годишно продолжување на договорот за сума од 193 милиони долари.
Центарот на Филаделфија им се придружува на Леброн Џејмс (Лејкерс), Стеф Кари (Голден Стејт), Пол Џорџ (Филаделфија) и Кевин Дурант (Феникс) како играчи кои ќе заработат повеќе од 500 милиони долари од договори во текот на кариерата.
Триесетгодишниот Ембид целата досегашна своја НБА-кариера ја помина во Филаделфија. Тој е член на 76-ките од 2014 година кога во тимот дојде како трет пик од првата рунда на драфтот.
