Средба на директорката на КОВЗРГ Трајковска со бискупот Стојанов
На средбата, како што соопштуваат од Комисијата, беше разговарано за сите значајни моменти од мозаикот на верскиот живот во Македонија...

Денеска директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Оливера Трајковска имаше средба со бискупот на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов.
На средбата, како што соопштуваат од Комисијата, беше разговарано за сите значајни моменти од мозаикот на верскиот живот во Македонија. Католичката црква како дел од тој мозаик дејствува во насока на градење квалитетни и трајни врски со останатите верски заедници.
Соработката со Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи била негувана низ годините и во континуитет ќе продолжи и во иднина. Сите важни прашања од доменот на верскиот и општествениот живот кои ги засегаат и двете страни, заеднички ќе бидат разгледувани и решени, а заедничките одлуки ќе се имплементираат за заедничко добро на сите, стои во соопштението од КОВЗРГ.
